Правна содржина

Права

Правна помош

За дополнителни информации и прашања можете да не контактирате на нашата контакт форма.

.

view-3d-justice-scales

Најнови вести

Информации за активностите поврзани со синдикатот

Културата и идентитетот наместо национална гордост – национален проблем

Десетици илјади партиски паразити 35 години го цицаат буџетот на граѓаните, но 2.400 културни работници, чувари на националниот идентитет и културното богатство се проблем…

Прочитај повеќе »

Протестен собир на СКРМ пред НОБ

Особено загрижува што токму министерот за култура во јавноста постојано пласира тврдења дека договорот е „истечен“ и незаконски, иако токму овој договор за првпат овозможи реална примена на работничките права во културата и важи до потпишување нов или како што се режира – додека Уставниот суд не го укине…

Прочитај повеќе »

Мисија и визија

Цели и ставови за кои се залага синдикатот

documentes

.

СКРМ дејствува како независна, демократска и непартиска организација, посветена на унапредување на статусот на културните работници и на јакнење на културниот сектор како значаен столб на општеството. Нашето делување е засновано на принципите на солидарност, еднаквост, транспарентност и почитување на достоинството на трудот.

Синдикатот активно учествува во процесите на социјален дијалог, колективно договарање и застапување пред институциите, со цел подобрување на условите за работа, правична плата, сигурност на работните места, професионален развој на вработените во културата, како и јасно уредување на законите и институционалните механизми за поддршка и развој на културниот сектор.

Документи

01.

Колективен договор

Со овој колективен договор за културата поблиску се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавaчите од работниот однос, обемот и начинот на остварување на истите, начинот и постапките за решавање на меѓусебните спорови, како и другите прашања од интерес за работниците и работодавачите во областа на културата.

02.

Статут на СКРМ

Синдикатот на културата на Република Македонија е организација во која доброволно и врз демократска основа се зачленуваат сите вработени од областа на културата, на определено или неопределено време.

03.

Општ колективен договор

Со овој колективен договор се уредуваат и доуредуваат правата, обврските и
одговорностите на работниците и работодавачите од работен однос во јавниот сектор на
Република Северна Македонија и условите и начинот на остварување на правата и
обврските од работен однос, во согласност со Закон.

Ви требаат дополнителни информации или контакт?

Ве молиме пополнете ја формата подолу.
Очекувајте одговор од 1-2 работни денови.

.

Синдикат на културата на Република Македонија
ул. Гоце Делчев бр. 4
1000 Скопје, Македонија

sindikat.kultura@gmail.com