Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) е репрезентативна синдикална организација, која ги обединува вработените во областа на културата со цел заштита, унапредување и остварување на нивните работнички, професионални, социјални и економски права.
СКРМ дејствува како независна, демократска и непартиска организација, посветена на унапредување на статусот на културните работници и на јакнење на културниот сектор како значаен столб на општеството. Нашето делување е засновано на принципите на солидарност, еднаквост, транспарентност и почитување на достоинството на трудот. Синдикатот активно учествува во процесите на социјален дијалог, колективно договарање и застапување пред институциите, со цел подобрување на условите за работа, правична плата, сигурност на работните места, професионален развој на вработените во културата, како и јасно уредување на законите и институционалните механизми за поддршка и развој на културниот сектор.
СКРМ ги обединува синдикалните организации и членовите од различни културни институции и дејности, градејќи заеднички глас за достоинствен труд и одржлив развој на културата во Република Македонија.
Нашата мисија е да создадеме силен, солидарен и видлив синдикат, кој ќе биде сигурен партнер и поддршка на културните работници, како и релевантен соговорник во креирањето на јавните политики во културата.
Во 2019 година, по долг период на системски хаос во културата, СКРМ конечно се избори за потпишување на Колективниот договор, кој претставува значаен исчекор кон уредување на работните односи и зајакнување на заштитата на правата на вработените. Договорот воспоставува ред и јасни законски правила, создавајќи постабилна основа за подобро функционирање на културниот сектор.
претседателка
потпретседател
потпретседателка
потпретседател
генерален секретар
претседателка
потпретседател
потпретседател
генерален секретар
претседателка
потпретседателка
потпретседател
генерален секретар
претседателка
потпретседател
генерален секретар
претседател
потпретседателка
потпретседател
генерален секретар