Денес пред Уставниот суд не стоевме од симболика, туку од револт, затоа што правдата се гази, а институциите молчат.
Ова не е само протест, туку јасна порака дека нема да дозволиме одземање на стекнатите права и понижување на културните работници.
Ако тие што треба, не ја штитат правдата, ние ќе ја одбраниме, гласно, јасно и без повлекување.
Борбата продолжува се додека правдата не стане правило, а не исклучок.