На 18.5.2022 година, во просториите на Националната филхармонија се одржа третиот конгрес на Синдикатот на културата на Република Македонија.
На конгресот за редовна претседателка беше избрана Вера Атанасовска и беше изгласан Статутот на СКРМ.
Учествуваа 144 делегати, кои претставуваа 1 287 членови од 51 синдикална организација од институциите во културата на Р. Македонија.