Синдикален протест на 28.1.2026

Дали Македонија ќе влезе во 21-от век во кој се почитуваат правата на работниците, колективните договори, условите за работа, се вреднува трудот...

Трета најбрзорастечка економија во Европа со најниски просечни и минимални плати

Зошто протестираме? 28.1.2026 година во 17ч пред ССМ!
Затоа што ништо не е свето!
Затоа што ништо не се почитува!
Затоа што работникот е девалвиран!
Затоа што работиме во небезбедни услови!
Затоа што животот стана бесмислен!
Затоа што нема социјален дијалог!
Затоа што сме понижени и помножени со нула!
Затоа што нема среќни работници!
Затоа што она што треба да е нормално, стана луксуз!
Затоа што преживуваме, а не живееме!
Затоа што заедно можеме, заедно мораме, заедно ќе кажеме: Доста е!