Поддршка на издаваштвото во Хрватска

*Буџет за издаваштво на Хрватска за 2025 = 3.057.763 евра.
*Буџет за издаваштво на Македонија за 2025 = 759.000 евра.
- (двојно помалку жители, 4 пати понизок буџет)

Според податоците на официјалната веб-страница на Министерството за култура на Република Хрватска, од листата на поддржани проекти во издаваштвото за 2026 година може да се видат податоци што за нас се незамисливи. Вкупната сума што хрватското министерство ја одвојува за поддршка на издаваштвото е 3.057.763 евра.

За споредба, според податоците објавени на официјалната веб-страница на Министерството за култура и туризам на Македонија, за прифатените проекти од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2025 година вкупно се издвоени 46.682.520 денари, односно 759.000 евра. Тоа се 4 пати помалку во споредба со Хрватска (Хрватска има двојно повеќе жители).

Во листата проекти што добиле финанскиска помош од хрватското Министерство има 88 апликанти, од кои само 19 добиле поддршка помала од 10.000 евра, а според вкупната сума, просечниот износ за секој од овие 88 апликанти би изнесувал 34.700 евра.

Посебно интересно е да се видат сумите што како поддршка ја добиваат издавачите на стрипови: Barbatus 29.767€, Bookglobe – Strana knjižara 35.000€, а издавачот Fibra добива дури 80.000€.
Иако кај нас има помал број издавачи, сумите од 25-30.000 евра делуваат недостижно.

ХР ИЗВОР  > Odobreni programi potpore izdavanju knjiga u 2026. godini

МК ИЗВОР > литература и издавачката дејност