Министерството не ја почитува Комисијата за следење и толкување на КД

Иако Комисијата за следење и толкување на колективниот договор за култура донесе заклучоци и упатства уште во јуни, Министерството за култура одлучи да не ги спроведе...

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА СВОЕВОЛНО ОДЛУЧУВА
ДЕКА НЕМА ДА ПОЧИТУВА НИКОГО. ПОВТОРНО.

И покрај тоа што Комисијата за следење и толкување на колективниот договор за култура донесе заклучоци и упатства уште во јуни, сепак нашиот социјален партнер, Министерство за култура , не успеа да ги спроведе на време. Се чини дека и најмалите нешта се комплицирани за Министерството, па сведоци сме на уште еден процедурален пропуст поради кој, лицата кои имаа намалени плати со спроведување на Колективниот договор, ќе мораат да чекаат до завршување на изборниот процес. Според Министерството, овие лица ќе ја добијат коригираната плата во ноември заедно со сите разлики за јуни, јули, август и септември. Имајќи ја предвид ефикасноста на Министерството, СКРМ будно ќе го следи процесот и ќе ги преземе сите можни чекори за заштита на своето членство. Исто така, ја повикуваме Владата на Република Северна Македонија да преземе конкретни реформски чекори со кои ќе се подобри ефективноста во работата на Министерството за култура и ќе се назначат компетентни раководни лица на институциите.