Протестен марш за нов Kолективен договор во културата се одржа на 8 октомври Скопје како последно предупредување пред најавениот штрајк. СКРМ ги повика сите вработени во културата, културни работници и останати, солидарно да се приклучат кон барањата за регулирање на работните односи во културата по цели 14 години откако е потпишан последниот колективен договор.
Изминуваат 14 години од последниот гранков колективен договор во културата. Четиринаесет години без јасно дефинирање и групирање на работни места во институциите, без правична валоризациjа на трудот во сите дејности, без прецизно поставување на критериумите за безбедност и здравје при работа, без додатоци од плата, теренски и службени дневници… Четиринаесет години без достоинствени плати за сите вработени.

Маршот започна од паркот Ибни Пајко (во кругот на НОБ, Филхармонија и Даут Пашин Амам), продолжи кон зградата на Владата каде што оперските пејачи од Националната опера и балет (НОБ) го испеаја делот „Хорот на Евреите“ од операта „Набуко“, а потоа пред Министерството за култура претседателите на сите 46 синдикални организации ја пренесоа пораката дека бараат Колективен договор веднаш, кој ќе стапи на сила од 1 јануари 2020. и заврши пред Министерството за култура.
СКРМ повика: Напуштете ги работните места за миг и излезете на улица за вашите права! Да не дозволиме уште едно ветување да не биде исполнето и да влеземе во уште една година без потпишан Колективен договор. Да излеземе масовно и да испратиме порака дека бараме КОЛЕКТИВЕН СЕГА!
„Ние сме тие кои кажуваме што е потребно во нашите професии, а не Министерството за култура“, рекоа вработените во културните инстиуции на протестниот марш насловен „Колективен сега“. Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) организираше предупредувачки марш на кој го изрази своето незадоволствo и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор скоро 15 години.
„Ние сме единствената земја во регионот без Колективен договор во културата, единствената земја во која има астрономски разлики во платите помеѓу дејностите, каде што се измислуваат работни места по нарачка, каде што нема основни услови за работа, каде што не се исплаќаат унапредувања, службени дневници и други надомедостовци регулирани со Законот за работни односи. Одговорот зошто ова е заеднички успех на сите министри од 2005 наваму лежи во фактот што во ова Министерство работат бирократи што сметаат дека тие се културата, а ние плебсот сме инстиуции кој не е вреден за внимание. Тие луѓе 15 години деспотски и субјективно одлучуваат или извршуваат по налог кому да му ја покачат платата, каков закон ни треба, каков колективен договор да ни сместат. За сите проблеми 15 години вината ја префрлаат врз министрите за култура, врз другите министерства и врз нас вработените во институциите. Денес само гласно ги потсетуваме дека Министерството за култура е сервис на институциите меѓу вработените во културата“, рече секретарот на СКРМ Гоце Павловски.
На протестот пред зградата на Министерството се симнаа и членови на кабинетот на министерот Хусни Исмаили, а во нивното соопштение стои дека „Министерството за култура ги поддржува вработените во културата за остварување на нивните барања и посветено, заедно со сите чинители во културата и со претставниците на СКРМ и на СОНК подолго од една година работи на подготвување на нормативните услови за донесување на модерни законски акти, кои во што пократок временски период ќе овозможат остварувања на барањата на синдикалните организаци“.