Владата на Р. Словенија го зголемува буџетот за култура за 2025 година за 37 милиони евра и тој ќе достигне 271 милиони евра.
Првичниот буџет за култура за следната година беше планирано да се згоголеми за цели 23,88 милиони евра споредено со 2024 година, но по напорите на министерката д-р Аста Вречко, ќе биде за 36,88 милиони евра повеќе од првично усвоениот буџет за 2025 година.
Во наведениот износ од 271,7 милиони евра не се вклучени средствата за санација по поплави ниту средствата за културни проекти и содржини кои се спроведуваат од европските кохезиски фондови и Планот за закрепнување и отпорност.

Министерката д-р Аста Вречко притоа нагласи:
„Културата е еден од најважните столбови на општеството, но пред нашот мандат со години, за жал, системски и финансиски беше запоставена. Нашата коалициска цел е засилување на културата како централна општествена вредност, и тоа го отсликува и буџетот, кој е за 37 милиони повисок од усвоениот. Го реализираме нашето ветување. Практично ќе го зголемиме буџетот за словенечко кино за речиси половина, инвестираме во аматерска култура, книгата и јавните установи, како и во јавните конкурси.“
Македонија е земја со приближен број жители и површина како Словенија. Сепак, вкупниот буџет на Министерството за култура и туризам за 2025 година изнесува – 4.837.749.000 денари, или 78,6 милиони евра.