Протестен собир на СКРМ пред НОБ

Особено загрижува што токму министерот за култура во јавноста постојано пласира тврдења дека договорот е „истечен“ и незаконски, иако токму овој договор за првпат овозможи реална примена на работничките права во културата и важи до потпишување нов или како што се режира - додека Уставниот суд не го укине...
Зоран Љутков: Тоа што го бараат тие (СКРМ) е непочитувањето на законите, јас барам законски да потпишеме нов колективен договор…
 
Колективниот договор за култура потпишан од СОНК во 2005 година, кој никогаш не се спроведе, „важеше“ сè до 2020 година. Во целиот тој период од 15 години, со сите пропратни антикризни мерки кои важеа само за културата до 2019, ниту Министерството за култура, ниту владите што се менуваа не го проблематизираа неговото траење, неприменување или законитост.
Но, Колективниот договор за култура потпишан во 2019 година, кој со големи напори започна да се применува од 2020 година, и со којшто на самиот министер му ги унапреди правата – И ТОГАШ БЕШЕ ЗАКОНСКИ, денес истиот тој колективен е предмет на постојани напади и оспорувања токму од него самиот.
Особено загрижува што токму министерот за култура во јавноста постојано пласира тврдења дека договорот е „истечен“ и незаконски, иако токму овој договор за првпат овозможи реална примена на работничките права во културата и ВАЖИ ДО ПОТПИШУВАЊЕ НОВ или како што се режира – додека УСТАВЕН СУД НЕ ГО УКИНЕ ИЛИ ПОНИШТИ!
Никој од нас ниту е слеп, ниту е глув за да го перципира очигледното политичко делување на „вишите сили“, кои министерот сака да ги прикаже „согласно закон“.
Во ситуација кога министерот никако не сака да седне на дебата со синдикатот, му даваме можност да направи уште едно интервју и транспарентно и отчетно да каже кои се неговите заложби за подобрени законски права во култура.
Во спротивно СКРМ транспарентно и отчетно ќе ги објави.
Ајде и за тоа да зборуваме.

Зоран Љутков: „Ако СКРМ постојано вели дека мораме постојано вас да ве напаѓаме затоа што се плашиме дека ќе го изгубиме членството значи тоа е точно политичко делување“.

Не министре, не мора да ја извртувате вистината за да го оправдате делувањето на СКРМ.
Со ваквиот однос не го дискредитирате Синдикатот, туку само потврдувате зошто постои потребата од неговата борба.
СКРМ нема од што да се плаши ниту кого да лаже за да го задржи членството, бидејќи секој културен работник многу добро знае кој се бори кога се загрозени основните работнички права. Единствениот Колективен договор што постои и реално се применува во културата не е ничија политичка алатка, туку резултат на долгогодишна синдикална борба и гаранција за достоинството на културните работници.
Наместо напади и манипулации, јавноста очекува одговорност и јасен став: дали сте на страната на културните работници или на страната на уривањето на нивните стекнати права додека истовремено така бедно пробувате да ги дискредитирате.
За разлика од вашето политичко делување во кое најверојатно ни самиот не верувате, вработените во културата веруваат во својата борба и знаат дека работничките права треба да се сочуваат.
Во 2025 година, иако целосно запознаен со проблемот на пресметка на плати не само што не го исправивте, туку дополнително го продлабочивте, со што платите на вработените во културата беа намалени за 3%, а со вашето упатство над закон се продолжи со истото, годинава намалувањето стигна до 6% од тоа што се пропишува и го пишува во колективните договори.
За ова постојат и конкретни правни потврди — повеќе од 60 првостепени судски пресуди во корист на вработените, од кои 8 се правосилни.
Но наместо почитување на судските одлуки, за коишто самиот пред цела јавност кажавте дека ќе ги почитувате, ние сме сведоци на нивно тотално игнорирање и потценување. А денес сме сведоци и на стопирање на судските процеси додека Уставниот суд не се произнесе.
Министре, многу лоша улогата, напуштете ја сцената!