Македонија исплаќа милиони евра отштета за пресуди од Стразбур

Државата е под надзор за 31 предмет...
Ако Уставниот суд продолжи со постапката за утврдување на уставноста на Колективниот договор за култура и донесе пресуда за укинување или поништување, буџетот за отштети по пресуди од Стразбур ќе биде поголем за десетици милиони.
 
Извор на веста: sdk.mk
  • Од „новите предмети“ ставени под надзор на Комитетот на министри во текот на 2024 година, 7 биле водечки (кои укажуваат на сериозни аномалии и неправилности во системот), а 4 биле класифицирани како повторувачки предмети.
  • Во текот на годината биле донесени вкупно 10 пресуди против Република Северна Македонија.
  • Судот во Стразбур во 2024 година донел вкупно 18 одлуки против Северна Македонија. Износот на досудени средства по сите основи (пресуди, спогодби и еднострани декларации) изнесува вкупно 2.191.889 евра. Ова претставува рекордна сума во последните 10 години. Во еден случај било забележано и доцнење при исплатата.